После десетина дена од крвавиот настан: Аријана Гранде и многу други ѕвезди со хуманитарен концерт во Манчестер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската пејачка Аријана Гранде в недела ќе одржи добротворен концерт во Манчестер во спомен на жртвите во нападот.

Плејада од ѕвезди, како Кети Пери, Џастин Бибер, Мајли Сајрус, Фарел Вилијамс, групите „Колдплеј“ и „Тејк дет” ќе учествуваат на концертот, соопштија организаторите на настанот.

Концертот ќе се одржи на стадионот за крикет „Олд Трафорд“, на помалку од две недели откако 22 лица загинаа од самоубиствен напад извршен на крајот на концерт на Аријана Гранде во Манчестер, а 116 беа повредени.

Приходите од хуманитарната манифестација се наменети за фондот основан од градските власти и британскиот Црвен крст.

Во изјавата по нападот пејачката рече: Нема да дозволиме тоа да не раздели. Нема да дозволиме омразата да надвладее. Треба да одговориме на ова насилство, со тоа што ќе се зближиме, ќе си помагаме, ќе се сакаме повеќе, ќе пееме посилно и ќе живееме -поблагородно од досега.