После дебаклот на изборите Каракачанов и Џамбаски си дадоа оставки од партиските функции во ВМДО-БНД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Красимир Каракачанов како претседател на партијата и Ангел Џамбаски кој е заменик претседател на ВМРО-БНД понудија оставки на партиските функции заедно со целото раководство.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија Каракачанов со своите провокативни изјави кон Македонија постојано предизвикуваше реакции. Но, партијата на Каракачанов не успеа во три избори во низа во 2021-ва, да се приближи до изборен праг и не обезбеди ниту еден пратеник по што целото раководство на ВМРО-БНД понуди оставки.

На изборите вчера партијата на Каракачанов освои помалку од 1 процент од гласовите. На претседателските избори, нивниот кандидат помина уште полошо и стигна до 0,46% од гласовите.

Каракачанов пак чија кариера се базираше на постојани критики и провокации упатени кон Македонците, на изборното место во бугарската амбасада во Скопје и на останатите 6 избирачки места низ Македонија помина солидно. Од оние околу 650 гласачи што имале бугарски документи и гласаат во Македонија, за Каракачанов и ВМРО-БНД гласале 136 или околу 20 проценти.