Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После авионската несреќа која се случи со воен авион кој се урна на местото Билјана Доња, кај Задар, трагедија во која животот го загубија двајца припадници на хрватските воздухопловни сили, хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ си поднесе оставка.
„Од денес, поднесувам оставка од позицијата вицепремиер и министер за одбрана“, рече Крстичевиќ на вонредната прес-конференција, додавајќи дека несреќата ќе биде истражена. Тој пред новинарите изјави дека не го информирал премиерот Андреј Пленковиќ за оставката.
Попладнево се урна воен авион , а во несреќата загина инструктор за летање и воен пилот почетник.