После 78 дена поминати во изолација Вухан повторно отворен – 55.000 луѓе ќе го напуштија градот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После над два месеци поминати во целосна изолација, кинескиот град Вухан, од каде што почна да се шири коронавирусот (барем според официјални информации), повторно е отворен за влез и излез.

Жителите на кинескиот град Вухан од денес ќе можат да го напуштат гадот прв пат по 78 дена откако беше воспоставена блокадата за да се спречи ширењето на коронавирусот и покрај стравувањата од втор бран на заболувања.

Кина го блокираше Вухан на 23 јануари откако стана јасно дека вирусот за прв пат се појавил таму во декември минатата година и е многу заразен и смртоносен, а наскоро прерасна во пандемија што се шири низ целиот свет.

Првиот патнички воз го напушти градот во пет часот утринава, а во исто време и автопатите беа отворени за сообраќај. Врз основа на продажбата на билетите, околу 55.000 луѓе ќе го напуштат Вухан со воз.

Во Вухан од коронвирус официјално починаа 2.571 лица, или скоро 80 проценти од починатите во најнаселената земја во светот.