После 32 години оди во пензија: Microsoft ја гаси познатата програма


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После 32 години користење и редизајнирање, Microsoft ја гаси програмата Paint, популарна алатка за едноставна обработка на фотографии.

Есенската надоградба на оперативниот систем Windows 10 (Autumn Creators Update) ќе донесе мноштво промени, а една од нив е и укинување на програмата која дојде во пакет со првата верзија на Windows 1.0 во далечната 1985 година.

Пред неколку месеци, кога Microsoft го претстави Windows 10, а со него и Paint 3D, која со помош на цртање, уредување и дизајнирање има и неколку опции за креирање тродимензионални слики, многу корисници веќе се побунија за тоа.

Сметаа дека Paint ја изгуби својата првична смисла, а тоа е едноставна обработка на фотографии, брзо сечење или едноставно „шарање“ со моливот, кантичката со боја и другите можности од скромната програма.

После 32 години, Paint оди во Recycle Bin, а корисниците на социјалните мрежи веќе почнаа да оддаваат почест на програмата.