Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога станува збор за уметноста и ремек делата на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог, тие секогаш предизвикуваат внимание во јавноста и медиумите.
Една од првите уметнички творби на холандскиот сликар Винсент Ван Гог е продадено синоќа во Париз за повеќе од седум милиони евра, соопшти аукциската куќа Аркиријал.
Во прашање е најзначајната продажба на некое дело на овој холандски мајстор во Франција во последните 20 години.
Сликата „Women Mending Nets in the Dunes“ е насликана во 1882 година, кога Ван Гог имал 29 години, таа е продадена на американски колекционер за седум милиони и 65 илјади долари. Делото било проценето на три до пет милиони евра.
Претходниот сопственик на сликата, европски колекционер чие име исто така не е соопштено, сликата од 2007 до 2015 година ја имаше позајмено на музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.
Сликата, која порано беше изложена и во музеите во Монтреал и Хаг, пред аукцијата можеше да се види во аукциската куќа Аркиријал.
Последната аукциска продажба на некое дело на Винсент Ван Гог е одржана во средината на 90-тите години. Тогаш неговата слика „Градина во Овер“ беше продадена за околу 10 милиони долари.