Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг!
↓↓↓
Тренерот Зоран Димитријевски ја раскажува успешната приказна на пингпонгарскиот клуб Шампион од Штип кој после неверојатни 30 години ја освои шампионската титула.
Од обичен кафански муабет, полека се претвори во прекрасна вистина. Така почна идејата за формирање на женската екипа на ППК Шампион ФА од Штип, која беше згасната пред 30 години.
Откако почна најдобриот репрезентативец на Македонија, Амелиа Николов Уце да не посетува на тренинзи и понудивме да премине во нашиот клуб, по тоа полека нашата идеја за формирање на женска екипа почна да станува реалност. Набрзо после неа се приклучи и Мила Штркова која исто така гордо го носеше државниот дрес. Со двојна регистрација ја регистриравме најдобрата кадетка Изабела Ковачовска од Берово, град кој постана расадник на пингпонгот со многу млади таленти.
Потоа стапивме во контакт со нашата добра пријателка и репрезентативка Надица В`чкова која во моментот рекреативно тренирале со Ангелка Кескинова, и кај нив се појави голема желба да се натпреваруваат. Како се формираше играчкиот кадар така се зголемуваа амбициите за поголем успех. Позитивната атмосфера на екипата ја препозна и вицешампионот на Македонија, Билјана Младенова која изрази желба да потпише за нашиот тим, но поради административни проблеми беше оневозможена да ја игра есенската полусезона па мораше да ни се приклучи во пролетнит дел.
Сезоната ја започнавме со ланскиот шампион на Македонија екипата ППК Крива Паланка, кој беше појачан со интернационален играч од Србија но добра поставеност на поставата од страна на тренерот Зоран Димитријевски, успеавме да ги победиме со максимални 4:0.
Оваа утакмица ни даде елан за понатаму и продолживме со победнички игри во есенскиот дел се до последнат утакмица каде се соочивме со најголемиот конкурент за титулата ППК Младост 96 од Прилеп,кој исто така располага со две интернационалки од Србија. Утакмицата се одигра во Прилеп и беше право дерби каде несреќно го загубивме со резултат 4:3, но да напоменам имавме меч топки и можевме да ги победиме со 2:4 и така полу сезоната ја завршивме на втората позиција. Можам да кажам дека сите играчи го дадоа својот максимум, особено ќе ја истакнам Надица В`чкова која ги изненади сите противнички со своите серви.
Пролетниот натпреварувачки циклус го започнавме со ист ритам, без пораз појачани со Билјана Младонова. Најбитната утакмица беше во VIII коло, каде пак беше дербито со Прилепчани, но сега на домашен терен каде притисокот беше голем за нас бидејки моравме да победиме со подобар резултат од нивниот во Прилеп. Прилепчани дојдоа во најдобар состав со двете интернационалки, но добрата поставеност на поставата и тука ќе ја истакнам одличната игра на Изабела Ковачовска, каде што издвојува клучна победа. Последниот меч Билјана Младенова ја победи интернационалката од Србија и издвојувавме победа од 4:1, со што остваривме подобар меѓусебен резултат. Остатокот од пролетниот дел беше само рутина, до големиот успах Шампиони на Република С. Македонија.
За најдобар играч иако најмалку го спомнував во текстот е Амелиа Николов Уце со 100% скор, без изгубен меч, која на државното сенирско првенство ги оствари златните медали во сите можни категории:
Сениорски првак во поединечна конкуренција;
Сениорски прваци во двојки со Билјана Младенова и
Сениорски прваци во микс со Филип Младеновски.
Успехот е тимски, тргнувајќи од играчите
1. Амелиа Николов Уце;
2. Билјана Младенова;
3. Надица В`чкова;
4. Ангелка Кескинова;
5. Мила Штркова и
6. Изабела Ковачовска
Сите дадоа придонес за титулата па до тренерот Зоран Димитријевски и самото раководство на клубот претседателот Зоран Штрков и машката екипа на ППК Шампион ФА, која даде огромна подршка како во тренинзи така и морално.