После 3 години од поднесувањето, иницијативата за оспорување на екстерното стигна пред Уставен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По три години падна на Уставен Иницијативата за оспорување на екстерното тестирање поднесена од група професори од битолското техничко училиште Ѓорѓи Наумов.

Иницијативата е отфрлена бидејќи одредбите  и трите правилници  кои професорите ги оспоруваат веќе не се важечки односно не постојат во правниот поредок. Иницијативата е поднесена во 2013  година,  а оттогаш Законот за средно образование беше  сменет неколку пати. Одредбите кои беа оспорени се однесуваа на начинот  на составување на тестовите, спроведувањето  на екстерното и вреднувањето на успехот на наставниците и учениците.

На уставните судии им требаа три години да ја стават на дневен ред иницијатива поднесена во 2013 тата година. Според дел од професорите неизвесно е кога на ред ќе дојде иницијативата за оспорување на екстерното која ја поднесе Наставничкиот пленум минатата година.

Најголем проблем според професорот Димовски е што не се надминаа недостатоците  во екстерното тестирање на кои укажаа професорите и учениците.

Иако беше една од најкритикуваните реформи  која пред две години на улица ги извади учениците, родителите и наставниците, власта не се откажа од спроведувањето на екстерното тестирање кое во јануари ќе го полагаат учениците од завршните години во средните училишта.