Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Милијардерот и најбогат човек на светот Џеф Безос, основач и главен извршен директор на моментално капитално највредната компанија на Волстрит, „Амазон“, и неговата сопруга Мекензи Безос ставаат крај на брачниот живот после 25 години брак, соопшти самата брачна двојка во разведување на Твитер.
54-годишниот Безос моментално е најбогатиот човек во светот, со богатство кое достигна повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговиот удел во „Амазон“.
Парот одлучил да се разведе по долгиот период на „љубовно истражување“ и очекува да продолжат како партнери во заеднички вложувања и проекти, како што се вели во соопштението. Џеф и Мекензи имаат четири деца.