После 22 години, стигнува нова верзија на Тамагочи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поминаа 22 години од појавувањето на првото легендарно дигитално „милениче“ Тамагочи, играчка која и кај нас се продаваше и беше исклучително популарна кај најмладите.

За тие кои не ја фатија оваа играчка или не се сеќаваат, станува збор за конзола во форма на јајце или камен, на која се наоѓа ваше дигитално милениче, кое го чувате, се грижите за него, го храните, му давате вода, му чистите измет, го галите и го третирате со други работи кои него го прават посреќно и поживо.

Една од главните карактеристики на новиот Тамагочи кој ни стигнува после 22 години од неговата првична оригинална верзија е тоа што можете да го поврзете на вашиот смартфон, но пред сè, тоа што можете да го „запознаете“ со други Тамагочи миленичиња во околината, со кои потоа може да се „спари“ и да прават мали „чибичанчиња“.

Новиот Тамагочи е значително поголем од оние кои ги имаше пред две и кусур децении, а исто така и сликата на екранот е значително подобра и подетална.

Планираното лансирање на пазарот е на почетокот од овој јули, а ќе чини не баш евтини 60 долари. Не знаеме уште дали ќе го има и кај нас, но ако ви се даваат 60 долари за вакво нешто, сигурно ќе можете да си го порачате на интернет.

Само, ќе нема со кого да си го спарите и да ви раѓаат мали „чибичани“. 😀