Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После речиси две децении од воздушните напади од страна на САД против талибанскиот режим во Авганистан, со што САД ја започнаа најдолгата војна на Америка, тврдокорната група е во посилна позиција од кога било.
Инвазијата што следеше по ударите на 7 октомври 2001 година, брзо ги симна од власт екстремистите кои ја засолнија Ал Каеда, групата што ги изврши нападите на 11.септември, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе во Америка само неколку недели претходно. Сега, 19 години по крахот на нивниот брутален исламистички режим, талибанците се залагаат за враќање на власт преку договор за повлекување на војската, кој го потпишаа со Вашингтон во февруари и во моментов водат мировни разговори со авганистанската влада.
Повлекувањето на американските трупи од Авганистан, кое американскиот претседател Доналд Трамп сака да го заврши до Божиќ, ќе зависи од намалувањето на насилството на теренот и другите услови предвидени со договорот потпишан од САД и талибанците во февруари, објави вечерва армијата.
„Договорот и плановите за повлекување како целина предвидуваат одредени услови“, рече началникот на Генералштабот на американската армија, Марк Мили.
Во средината на кампањата за претседателските избори, Трамп на 7 октомври рече дека би сакал да ги повлече американските трупи од Авганистан до Божиќ, побрзо отколку што беше предвидено со договорот меѓу Соединетите Држави и Талибанците.
Администрацијата на Трамп се обврза да ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година, пренесува Танјуг.
Договорот меѓу САД и талибанците, потпишан на 29 февруари, беше поздравен како најдобра надеж за мир во Авганистан.