После 16 години падна рекордот на 400 метри со пречки (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската атлетичарка Далила Далила Мухамед на националното атлетско првенство во Ајова собори рекорд стар 16 години.

Мухамед запиша нов светски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, откако делницата ја истрча за време од 52.20 секунди.

Претходниот рекорд (52.34 секунди) беше во сопствен на Русинката Јулија Печонкина од 2003 година.

„Шокирана сум. Го бркав тоа време на тренинзите и мојот тренер говореше дека нема шанси да го соборам. Но, овие 52 секунди ќе бидат соборени, ако не од мене, тогаш од некоја друга девојка“, изјави Мухамад.