Авто мото

После 13 години продукција, FIAT го запира производството на познатото Punto

Во FIAT „со ќутената“ го запреа производството на својот претставник во В сегментот, кој во третото негово издание го продаваа цели 13 години.

Според последните информации, FIAT во скоро време нема да го претстави наследникот на моделот Punto, а производствените погони од кои 13 години излегуваше нивниот претставник во В сегментот ќе бидат прилагодени за производство на вториот SUV модел од Maserati.

Престанувањето со производство на Punto беше најавено на почетокот од јуни, кога раководството на групацијата Fiat-Chrysler го изложи петгодишниот план во кој најмногу беа споменувани новите модели на Alfa Romeo и Jeep.

Првата генерација на Punto, која се произведуваше од 1993 до 1999 година, освои награда „Европски автомобил на годината“ во 1995 година. Моделот одлично се продаваше на пазарот ширум светот, а познатата компанија направи 55.000 примероци со мек покрив на расклопување.

Втората генерација на популарната „Точка“ беше претставена на крајот од 1999 година и во продажба (како поевтина верзија) остана пет години после претставувањето на третата и последна генерација Punto, која на пазарот се појави во 2005 година. До 2012 година автомобилот го носеше името Grande Punto.

Без значајни технолошки подобрувања, Punto последниве години сè повеќе заостануваше зад неколку модели од конкуренцијата. Последниот „шамар“ стигна од EuroNCAP, бидејќи Punto во симулација на различни судари, според актуелните нормативи, не освои ниту една ѕвездичка.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top