После 11 години пауза, снег во Јужна Африка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прв пат после 2012 година во Јужна Африка заврна снег, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време.

Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.

Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.

– Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.