Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.
Иако зголемувањето на акцизата би требало да значи поскапување на цигарите на 1 јули 2019, сепак некои од брендовите одлучија да ги прилагодат цените порано.
Според предвидениот план цигарите во наредните 4 години се планира да поскапуваат по 4 до 5 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои и до 300 денари.