Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 62 денара, а новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 64 денари. Литар екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ) ќе чини 37,5 денари, а за литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се плаќа по 48,5 денари.
За 1,914 денари се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 23,861 денар.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,48 проценти.
Новата цена на горивата е формирана врз основа на просечната цена на нафтата на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.