Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Основните трошоци за едно четиричлено семејство, статистички пресметано, во март оваа година се зголемиле за 122 денари во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33 772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалаци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.
Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28 272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33 650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5 378 денари од просечната плата.