Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коронавирус пандемијата и затворањето на Еуростандард банка на „Пошта“ зададоа такви удари поради кои тоне и генерира загуби.
Ејуп Рустеми, првиот човек на Пошта на Северна Макеоднија во интервју за Слободен печат вели дека со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај. Во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра.
Рустеми вели дека дополнително ги погодило затворањето на Еуростандард банка и дека ликвидноста на друштвото е намалена.
Поради неработењето на Еуростандард банка на шалтерите на Пошта од 12 август годинава, не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Остварените приходи во првите шест месеци од 2020 година од овие услуги што Пошта се уште не може да ги обезбеди, изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 проценти од нашите вкупни приходи. Овде сакам да напоменам дека повеќе од 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршуваа работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот остварен од овие услуги обезбедува плата за околу 560 вработени во Пошта. Искрено жалам за настанатата ситуација, за сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги, со кои имавме одлична соработка, а кои сега се оневозможени тоа да го прават на шалтерите на Пошта, вели Рустеми.
Додава дека сега е вистинско време за модернизација на поштата.
По се уште неофицијалната поделба на директорските места меѓу двете владини коалициони партии СДСМ и ДУИ, по долги години, Пошта сега ќе биде раководена од кадар од македонскиот политички блок.