Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во њујоршкиот музеј Гугенхајм отворен е тоалет направен од 18-каратно злато и веднаш пред него се формираа редици љубопитни минувачи.
Овој тоалет, кој може да се користи, е дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателано, пренесува Хина. Овој уметник пред неколку години соопшти дека ја напушта културната сцена, но се врати со дизајни на луксузни предмети за бањи.
Туристите мораат да платат влез во музејот пред да застанат во ред за златниот тоалет.
Според претставниците на музејот, тоалетот наречен Америка „пружа искуство на единствена интимност со уметничкото дело“.