Посакуван сексуален врв: Три грешки на жените во текот на сексот кои не смеат да ги прават


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сексот е страствен момент во кој морате максимално да уживате.

Постојат некои навики кои можат да расипат или предизвикаат непосакувани последици по сексот.

1. Депилација

Ако планирате да минете жешка ноќ со партнерот, за овој момент би требало да се подготвите неколку дена порано, барем што се однесува до депилацијата. Во текот на сексуалниот однос подрачјето околу препоните и бедрата е изложено на триење, но и прекумерно потење.

Токму поради тоа, кожата може да се изирита, а чувствителните предели од депилацијата лесно би можеле да се воспалат.

2. Лек против алергија

Лековите кои ги намалуваат алергиските реакции делуваат така што го опуштаат телото. Овој лек има силно дество и на вашата слузница која е поврзана со цело тело, почнувајќи од усните, па така и со вашите интимни делови.

Антихистаминиците го намалуваат лачењето на вагиналната слузница, поради што сексот нема да биде пријател, како и обично. Експертите велат дека состојбата на слузницата се поврзуваат и со оргазмот, што значи дека жените тогаш потешко, односно речиси и нема да дојдат до посакуваниот врв.

Истото важи и за обидот да зачнете, бидејќи вагиналната слузница го олеснува минувањето на сперматозоидите до јајниците.

3. Да го трпите одењето во тоалет

Ако сте се опуштиле во жешкиот момент, а страста е на самиот врв, а чувствувате потреба за одење во тоалет, немојте да трпите.

Бешиката е сместена во близина на вагината и секој притисок на неа ќе го почувствувате, поради што сексот нема да биде толку пријатен и опуштен.

Исто така, ако ви се мокри во текот на сексот, уринарните канали и бешиката ќе бидат оптеретени и полни со течност, поради што опасноста од воспаление на бешиката е далеку поголема.