Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид и да стане најскапиот фудбалер во историјата, пренесуваат португалските медиуми.
Имено, добро информираната „А Бола“ на својата насловна страна пишува: „Најголемата бомба на пазарот – Реал Мадрид добива понуда од 180 милиони за Роналдо“. Весникот наведува дека понудата би можела да стигне од Франција, Англија или Кина.
Во Франција Пари Сент Жермен наводно е спремен да ја плати оваа сума. „Светците“ од заминувањет на Ибрахимовиќ немаат вистина ѕвезда по која би биле препознатливи во фудбалскиот свет.
„А Бола“ наведува дека Манчестер Јунајтед исто така би можел да испрати таква понуда. „Црвените ѓаволи“ се финансиски моќни па откако пропаднаа прегорите за Антоан Гризман би можеле да се насочат кон Португалецот.
Доколку навистина пристигна ваква понуда до Реал, Флорентино Перез најверојатно би ја профатил бидејќи Португалецот веќе има 32 години, а „кралевите“ со парите од овој трансфер би можеле да ги донесат Мбапе и Азар на „Сантиаго Бернабеу“.