Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ: „Нема да ветуваме брда и долини како СДСМ“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во обраќање до јавноста, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, порача дека граѓаните знаат оти оваа власт предводена од Зоран Заев ја турка Македонија во жива песок и само картелот на власт има корист, а сите останати се осиромашуваат, пренесува Макфакс.

„Протестот беше почеток на крајот на овој картел околу Заев кој донесе пад на стандардот, поскап живот, стагнација на платите и пензиите, стагнација на стопанството, економијата, земјоделието, образованието, како и бесцелни рекордни задолжувања кои што се во висина од стотици милиони. Ние нема да ветуваме брда и долини како СДСМ, кои само после една нецела година, повторно мора да ги лажат граѓаните дека всушност тоа што го ветиле, никогаш не го ветиле и нема да можат да им го овозможат на граѓаните да го добијат“, рече Арсовски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерка за намалено ДДВ на 2% за артиклите кои се најпотребни и најкористени од страна на граѓаните, дополнителни даночни олеснувања за сите компании кои ќе вложат во развој на нови работни места, намалување на акцизата, потоа вети изградба на нови болници и вложување во нов медицински кадар.