Home Актуелно Портпаролот на кинеското МНР „им изнарече сè на САД“

Портпаролот на кинеското МНР „им изнарече сè на САД“

САД ја обвинија Кина за некакви воени замешателства во светски рамки. Па, на тоа се јави Ванг Венбин, портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина.

„Она што загрижува е деструктивното влијание на САД врз светскиот мир и стабилност. Америка е најголемиот произведувач на војни. Во својата 240-годишна историја, САД не војувале само 16 години.

САД ги иницираше 80% од вооружените конфликти во светот од крајот на Втората светска војна. САД најмногу го крши суверенитетот на другите земји и се меша во нивните внатрешни работи. По завршувањето на Втората светска војна, САД се обидоа да срушат повеќе од 50 странски влади, насилно се вмешаа на избори во најмалку 30 земји и се обидоа да убијат повеќе од 50 странски лидери.

САД сè уште се најголемиот извор на конфликт. Војните на НАТО во Авганистан, Ирак и Сирија под водство на САД резултираа со смрт на повеќе од 900.000 луѓе и 37 милиони бегалци.

Сè додека траат американските хегемонистички политики и насилнички тенденции, во светот нема да има мир“.

Толку.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…