Портпаролот на кинеската дипломатија ги „трола“ и ги провоцира американските политичари на Твитер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Портпаролот на Министерство за надворешни работи на Кина си продолжува со неговата лична кампања на тролање на американските власти и општо западот, главно со ретро мемиња и клипови.

Пред некој ден Лиџијан Жао објави меме со претседателите на САД од последниве 20 и кусур години, на кое требаше да се избере кој од нив бомбардирал болници и депортирал имигранти. Прашањето му беше, дали може сите да ги штиклира.

Ден потоа имаше компилација од видеа од американски високи функционери како Помпео и Камала Харис, кои признаваат дека „лажеле, мамеле и краделе“ за да постигнат тоа што им требало за Америка.

Ваквото тролање е само еден дел од дневниот опус на портпаролот, кој меѓу другото има и стандардни теми од работата на министерството, запознавање со Кина, слични позитивни содржини на тема неговата држава или преписки со западни медиуми.

Жао е еден од првите кинески функционери што се зачленил на Твитер, иако сервисот е забранет во неговата држава. Тој работи во министерството од 1996, а на позицијата портпарол е од 2019. Жао неофицијално се води како еден од лидерите на новата генерација на кинески „волк-воини дипломати“, кои ја напуштија традиционалната кинеска пракса на субмисивност кон Западот во дипломатската комуникација и отворено ги конфронтираат своите колеги низ светот.