Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По речиси две години од забранетиот приод до зградата на Владата, од денеска граѓаните можат слободно да се движат низ дворот. Од утрово портите се отворени, а прв гостин на премиерот, Зоран Заев, е амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.
Засега нема официјална информација дали целосно ќе биде отстранета кованата ограда што беше поставена во септември 2015 година, на барање на поранешниот премиер, Никола Груевски.
Премиерот Заев на денешната Меѓународна конференција за енергетика рече дека прво треба да се разгледа Законот за јавни набавки на кој начин ќе може да се отсрани оградата.
Има убава креација меѓу граѓаните од бетонските столбови да се направат убави клупи за седење, но да почекаме архитектите и инжињерите да дадат свое мислење. Нашата намера и интенција е да ја отвориме Владата за сите, изјави премиерот Заев.
Металната ограда од ковано железо чинеше 700.000 евра, а ја постави компанијата Бауер БГ. За пристап кон Владата беа оставени два влеза, кои постојано беа затворени.