Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот планински венец Сера де Естрела крие огромен вир кој изгледа како премин во некоја друга димензија.
Станува збор за дел од постројката на хидроелектраната на највисокиот планински венец во Португалија, познат под името Ковао до Кончос. Верувале или не, оваа филмско-бајковита сцена не е дело на природата или на некоја натприродна сила, туку на вредната човечка рака.
Станува збор за тунел изграден во 1955 година долг 1.519 метри, кој ја влече водата од реката Навес до браната во лагуната Комприда. Може да искрепи до 120.000 кубни метри вода, пренесува Portugal visto do Ceu.
Тунелот е опкружен со стебла и трева, па влезот изгледа како некој митски портал од легендите, а бидејќи уште не е толку популарен, таму, ако се одлучите за малку подолга планинарска тура, можете да уживате во целосен мир и планинска осаменост.