Порше ја оживува култната фотографија со познатиот ски-скок (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во 1963 година, скијачот Егон Цимерман беше фотографиран како скока над Порше 356. Моментот беше совршено овековечен и е создадена фотографија што ќе биде една од најчесто користените за промоција на култниот автомобилски бренд во следните децении.

Порше одлучил да направи нова верзија на фотографијата оваа година. Улогата на храбар скијач кој ќе го прескокне автомобилот ја добива Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, кој е еден од најбестрашните скијачи, го обожава Порше, а сега се осмели да го прескокне Порше Тајкан.

„Фотографијата е едноставно совршена. Има многу Поршеа во него. За мене како дете, како фан на Порше. Тоа е порака да бидете смели и да пробате нови работи. И токму тоа го правиме “, рече Свиндал.

И, конечно, интересен факт. На снимањето на новата верзија на фотографијата присуствувале помалиот брат на Егон, Карлхајнц и внукот Мајкл, кои биле сведоци на создавањето на уште една легендарна фотографија.