Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради матниот лик кој го игра во нејзиниот најнов филм „Гринго“, оскаровката Шарлиз Терон, пред премиерата на истиот, за медиумите откри дека имала огромно чувство на непријатност пред своите колеги на сетовите поради навредливиот речник и агресивноста кои ги користела за потребите на својот лик.
„Не можам да се замислам во реалниот живот да го кажам она што морав да го говорам за потребите на ликот кој го глумам. Чувствував дека треба постојано да им се извинувам на колегите“, открива Терон за американските медиуми.
Со оглед на фактот дека една од темите кои ги разработува филмот е марихуаната, Терон призна дека порано редовно конзумирала канабис.
„Долги години пушев умерено марихуана. Тоа го кажувам отворено, бидејќи навистина не ме интересира дали ќе ме осудуваат. Сакам повторно да пробам и можам да се контролирам. Патам од несоница и затоа сакам пак да пробам. Подобро тоа отколку да земам лекови за спиење. Всушност кога ќе имам повторно можност да пробам ќе го направам тоа со мајка ми. Ни таа не спие како што треба“, потенцира актерката.
Терон истакнува дека актерството ја прави среќна затоа што 90 отсто од нејзината работа се однесува или ја засега неа.