Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тајланѓанката Нонг Нат (33) се омажи за моќниот и богат 72-годишен бизнисмен Харолд Џенинг Несланд кој од неа е постар цели 39 години, откако даде отказ во порно индустријата.
Само неколку месеци после склучениот брак, таа побара развод поради страв дека нејзиниот богат сопруг ќе добие срцев удар за време на сексот со неа.
Иако ја нарекуваа спонзоруша, Нат не сака ни да чуе за тоа, бидејќи тврди дека никогаш немала потреба некој да ја издржува. Сепак, оваа денес слободна жена бара финансиски обезбеден маж, а сите заинтересирани треба да ја приложат пред неа состојбата на нивната банкарска сметка како доказ за тоа.
Дете кое бара внимание од постар маж
„Никогаш немав потреба Харолд да ми помага финансиски, јас не сум спонзоруша, ниту очајничка. Тој сè ми плаќаше, но јас добро знаев дека има големи трошоци во Америка. Имав разбирање за тоа, па дури и предлагав да ми го намали месечниот џепарлак“, вели Нат.
Опишувајќи ја својата љубов со бившиот сопруг, таа вели дека тоа било како дете кое бара внимание од постар маж. Сега сака некој кој подобро ќе се вклопува во нејзиниот животен стил.
„На Харолд му требаше долго за да го прифати разводот. Ни моето семејство не сакаше да се разведам, но сега имаат разбирање. Не сакав да го мачам. Тој е толку стар. Му треба некој кој постојано ќе се грижи за него. Бевме како два различни света“, објаснува Нат.
Илегално глумела во порничи
Бившата порно актерка се фали дека добивала повици од стотици мажи кои сакаат да бидат со неа, но таа ќе си даде време за одлука за тоа кому ќе му даде шанса. Потенцијалните кандидати треба да испратат своја фотографија, но и релевантни податоци, меѓу кои и состојба од нивната банкарска сметка и документи за развод ако биле претходно женети.
Во 2000-те години Нат беше предмет на контроверзии бидејќи глумеше во порно филмови на црно. Азиската убавица беше обвинета за појавување во филмови за возрасни кои ги кршат тајландските закони за порнографија.
Оттогаш не е дел од порно индустријата. После тоа стана будистка и се омажи за Несланд во 2012 година. Останатото е историја.