Славни

Порно актерката се премисли: Сака да ги врати парите и да раскаже сè за аферата со Трамп

Порно-актерката Сторми Даниелс, која пред извесно време се најде во медумски секс скандал во кој се поврзуваше со претседателот на САД, Доналд Трамп, со кој наводно имала секс афера пред неколку години, понуди да ги врати парите кои ѝ биле платени во замена за нејзино молчење во врска со аферата, за да може повторно јавно да зборува за Трамп.

Даниелс најавува и дека постои можност за објавување на пораките, фотографиите и видеата што ги има. Таа ја објави оваа понуда до приватниот обвинител на Трамп, Мајкл Коен, со кого го потпишала договорот за молк во 2016, кратко пред претседателските избори.

Оваа информација први ја објавија Њујорк Тајмс, кои наведуваат дека лесно е да се најде трагата на парите. Доколку истите се вратат на некоја од сметките на Трамп, Даниелс ќе може да зборува за врската што ја имала со актуелниот претседател на САД, но и да ги објави сите содржини кои ги докажуваат нејзините тврдења.

Според адвокатот на актерката, таа никогаш не била загрижена за парите, туку за тоа дека секогаш вистината треба да излезе на виделина. Желбата да го обелодени скандалот кај актерката се појавила кога сфатила каков човек ќе ја води државата и сето тоа сака да им го каже на своите сограѓани.

Во меѓувреме, од Белата куќа ги демантираат сите наводи за врската меѓу претседателот Трамп и порно-актерката Сторми Даниелс.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top