Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француската порно актерка проговори за експлицитните пораки кои ги добивала од 12-годишно момче.
Никита Белучи (28), ѕвезда на голем број порно филмови, на својот Твитер профил сподели шокантни пораки кои стигнувале во нејзиниот „инбокс“ и ги предупреди родителите за „целосниот недостаток на сексуална едукација“ кај денешните деца.
Таа на Твитер напиша дека ѝ е преку глава да ги подучува малолетниците на сексуално образование, како и дека родителите не преземаат ништо од аспект на превентивни мерки за да ги заштитат своите деца од порнографски содржини на интернет, пишува Daily Mail.
Сподели и дел од содржината од пораките кои ги добивала
Нејзиниот твит наиде на позитивни коментари и реакции, особено пофалби за нејзината одлука јавно да проговори на таква чувствителна тема. Никита ги покажа пораките од разлини момчиња кои без проблем ја откривале и истакнувале својата возраст, но и желбата да имаат секс со неа.
„Здраво, наскоро ќе наполнам 13 години и сум твој голем обожавател. Дали би сакала да ме ебеш гол, те молам?“, стои во една од контроверзните и шокантни пораки. Таа го објави и својот одговор на тоа: „Човече, 13 години. Размисли за своите постапки, пишувај домашна и немој веќе да ми пишуваш, бидејќи ова ќе го пратам на твоите родители“.
Еден од родителите ја пофали за нејзината постапка со зборовите: „Фала ти што зборуваш за децата и нивното сексуално однесување, како и за опасностите од пристапот на сите видови на содржина на интернет без надзор“. А откако добила и порака во која пишувал: „Дали сакаш да се сексаш со 12-годишен жежок дечко?“, Никита одлучила дека е доста.
Предупредување до родителите
„Да, пристапот до порнографска содржина денес е доста едноставен и, за жал, недоволно контролиран. Па, дали е нормално редовно да добивам пораки од деца кои ми бараат да им праќам свои фотографии, да им ја земам невиноста и да се сексам со нив?“, напиша Белучи.
„Најмногу загрижува тој недостаток на превенција, а не е работата порно актерките да ги едуцираат вашите деца. Нема веќе контрола и тогаш вината секогаш ја префрламе на исто. Јас не мислам да ја сведнам главата и не сметам дека треба да се срамам поради нешто. Не сум јас таа која треба да биде превоспитана“, заклучи Никита.