Порно актерка нуди помош на поранешниот италијански прволигаш – и да, не е она на што помислувате!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата порно актерка Аманда Фокс нуди помош на поранешниот прволигаш.

Ситуацијата во италијанскиот клуб Виченца кој денес е член на Серија Ц веќе некое време е аларманта.

Играчите со месеци не добиле плата, но постојат надежи дека ситуацијата може да биде подобра. Овие денови беше најавена и исплатата на платите за септември и октомври.

Екипата се наоѓа на 13 позиција и секаков вид на финансиска помош ќе им биде добродојдена. Сега, порно актерката Аманда Фокс позната под името „Полската Венера“ се понуди (не не е онака како што тоа во прв момент звучи) да им помогне.

Таа предложи дел од нејзините приход од продажбата на календарот кој се продава за 7.5 евра да биде уплатен на клупската сметка за плати на играчите.

 

#venerepolacca ?

A post shared by Amandha Fox Official® ???? (@amandha_fox) on