PornHub револуција: Еве што ќе кликате кога ќе завршите со порничите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


PornHub, еден од најголемите интернет сајтови за порнографска содржина воведе вистинска револуција во својата понуда, па од неодамна освен милионите порничи од сите жанрови, нуди и онлајн  сексуално образование.

PornHub „велнес“ центарот нуди широк спектар на информации за сексот, а не содржи експлицитни содржини во видео формат и го уредува лекарката Лори Бетито, една од најдобрите сексуални терапевтки на светот.

Сите корисници своите прашања и дилеми за сексот и телото можат да ги испратат до Бетито, а на сајтот ќе се објавуваат и мноштво научни статии за сексуалноста, новости во производите на секс индустријата и решавање на многу дилеми кои ги имаат младите луѓе, но и повозрасните кои таму ќе пронајдат одговори на прашањата кои никогаш не се осмелиле да ги прашаат.

Има интересен податок кој вели дека на пазарот постои направа Flex која можете да ја користите ако иамте однос за време на месечниот циклус, а која ја собира крвта и овозможува до крајот да уживате во креветот, без дополнителен неред.

Делот Your Body содржи основни податоци за анатомијата. Во делот кој го опишува женското тело, на пример, стои дека при стимулација на клиторисот, после зголемувањето на крвниот притисок, се менува длабочината на вагиналниот канал и се подигнува матката. На сајтот постои и водич за трансродови лица и за лица кои сексуално ги привлекуваат транссексуалци.

„Велнес“ центарот на сајтот нуди и многу информации за полово преносливи болести, а за некои од нив веројатно не сте ни чуле. Добро, факт е дека овој сектор од сајтот нема да биде посетуван ни приближно колку главниот, но ете, ако ништо друго, ќе можете да го посетите кога ќе завршите со црно-жолтиот дел од популарната порнографска веб страна.