Пориер после поразот од Кабиб: Бев спремен…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов вечерва стигна до победа против Дастин Пориер и ја одбрани титулата во лесна категорија, пишува Спортски.мк.

Дагестанецот во третата рунда со гушење стигна да победа, а Пориер беше разочаран после пораз.

„Се чуствувам како да се изневерив самиот себе. Како цела кариера да се спремав за овој момент, но…Можеби имаше моменти кога можев да направ повеќе. Бев спремен, а сега морам да се будам секое утро со овој резултат и ако нешто научив во минатото е да во добрите моменти да бидам благодарен, а во ваквите ситуации само да одам дома и да минувам време со семејството“.

„Беше ова долг пат и горд сум на се што постигнав, сега ми е потребно време да размислам. Жал ми е ако изневерив некого со овој настап“, изјави Пориер.