Порфириј го предаде томосот за автокефалност на МПЦ ОА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Патријархот на Српската православна црква, Порфириј, му врачи Томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија на Архиепископот Стефан во Белград.

Далеку од очите на македонската јавност, без најава, сите владици од МПЦ-ОА служеа литургија во соборниот храм во Белград. Документ на кој пишува Томос за признавање на Автокефалност на Охридската Архиепископија беше прочитан и врачен лично од Патријархот Порфирије на Архиепископот Стефан.

Српскиот патријарх во обраќањето соопшти дека она што веќе го реализирале преку сослужувањето на литургијата во Скопје, денеска јавно пред сите го објавуваат во форма на документ, кој се нарекува Томос.

Во беседата тој порача дека се создадени услови Охридската Архиепископија да биде самостојна црква и препорача МПЦ да најде соодветно име.

Поглаварот на МПЦ ОА г.г Стефан испрати порака дека овој настан е правда за охридската архиепископија, а процесот продолжува со посета на Вселенската Патријаршија.

Документот е всушност акт со кој се потврдува на писмено она што Патријархот српски го соопшти во Скопје, вели владиката Тимотеј за Сител. Објаснува дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот Томос од Вселенскиот Патријарх.

Врачувањето на документот доаѓа една недела пред закажаната заедничка литургија на МПЦ-ОА во Вселенската Патријаршија за празникот Педесетница, Духовден.

Црковна делегација ќе оди во Истанбул каде ќе одржи богослужба заедно со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј на 12-ти јуни.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во интервју за грчка ТВ Вима, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ.

Тој Томос од Вселенската Патријаршија, поглаварот вели очекува да го прифатат сите помесни православни цркви.