Home Спорт Поразот скапо ќе ги чини: Вредноста на Јувентус падна за 400 милиони!

Поразот скапо ќе ги чини: Вредноста на Јувентус падна за 400 милиони!

Младиот тим на Ајакс синоќа направи ново големо изненадување во Лигата на шампини и го елиминираше еден од главните фаворити, Јувентус, победувајќи го во Торино со 2:1.

Јувентус по испаѓањето во четвртфиналето доживеа огромна загуба. Нивната вредност на акции имаше најголем пад на берзта и тоа од 20,92% и во моментов вредат 1.356 евра.

Тоа е втор ден по ред како акциите на клубот да паѓаат за 20%. Тој пад најмногу ќе го погоди семејството Ањели, кое има најголем дел од акциите од клубот, но секако никој од акционерите на клубот не може да спие мирно поради ваквата загуба.

Пресметано во пари, вредноста на Јувентус синоќа се намали за неверојатни 400 милиони евра!

Италијанскиот гигант чека на европска титула од далечната 1996 година и ова лето вложија многу пари во трансферот на Роналдо со надеж дека конечно ќе го кренат пехарот во Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…