Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поразителни статистички податоци доаѓаат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Од ова здружение алармираат дека дури 34 македонски општини нема гинеколог, што само по себе е шокантна ситуција во здравствениот сектор.
Четири месеци жените од скопско Драчево и околината се снаоѓаат за гинеколошки преглед. Од како заминал гинекологот во пензија, ординацијата остана празна. Докторот бил коцнесионер па со пензијата си ја земал и опремата, дознава Канал 5.
Драчево е само една од 34-те општини за кои невладината ЕСЕ алармира дека недостига матичен гинеколог.
Во писмено обраќање Здружението меѓудругото вели: „Не ви го честитаме 8ми март. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита.“
Министерот за здравство Венко Филипче, уверува дека има план како да се бори со недостигот на гинеколози.
„Специјалистите гинеколози ќе можат да даваат здравствени услуги како матични гинеколози, конкретно ова е наменето за Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево и Пробиштип каде имаат потешкотии за гинеколошка заштита“, вели Венко Филипче,министер за здравство.
Надлежните се пофалија дека се намалила смртноста на новороденчињата за 30%. Во 2017 на скопска гинекологија починале 36 новороденчиња на илјада кои преживеале, додека лани починале 24.
Од владата меѓудругото се пофалија дека државата овозможува бесплатни прегледи и породувања во сите јавни родилишта низ земјава. За руралните средини ветија мобилни гинеколошки амбуланти.