Пораз за Тереза Меј: Британскиот парламент гласаше против Брегзит


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Синоќа, во Долниот дом од британскиот парламент, пратениците со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрлија договорот за Брегзит, што премиерката Тереза Меј во ноември го постигна со официјален Брисел.

Ова беше огромен пораз за британската премиерка во клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор според кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 29 март. Меј истакна дека после ваквиот институционален пораз на договорот, спремна е веднаш да се расправа за доверба на нејзиниот владин кабинет. Непосредно пред гласањето, Меј се обрати во Парламентот, истакнувајќи дека втор референдум не е добра опција.

„Втор референдум би донел неединство. Не би било одговор на тоа прашање, би немале време за имплементација, и ќе биде без заштитата на правата на граѓаните“, Како Премиерка посакувам вистински правец за земјата.“ – изјави Меј.

Британскиот опозициски лидер веднаш повика на гласање доверба на владата на Меј, истакнувајќи дека вечерашниот е најголем пораз за британската влада од 1920 година. Тој го повтори својот план да не се затвора дијалогот со ЕУ и да се направат обиди да се издејствува трговска унија со блокот и слобода на движење на луѓето. Парламентот уште утре ќе гласа за тоа дали Меј останува на чело на британската влада.

Истовремено, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека исходот од гласањето во Парламентот на Британија зголемува ризик од Брегзит без договор. По неприфаќањето на договорот можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.

Извор: 24.мк