Пораз на екстремната десница: Ван дер Белен победник на претседателските избори во Австија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проевропската јавност во Австрија слави голема победа откако независниот кандидат поддржан од зелените Александер Ван дер Белен победи на претседателските избори. Тој освои 53.3 отсто од гласовите наспроти Норберт Хофер од естремно десничарската Партија на слободата со 46,7 %. Преостанатиот број на гласови нема да направат голема разлика, така што победата на Ван дер Белен е дефинитивна.
Броењето почна во 17 часот и веќе по половина час, кога беше јасна победата на Ван дер Белен, Хофер му честиташе на Фејсбук.
“Драги пријатели, ви благодарам на големата поддршка и премногу ми е жал што ова не успеа. Му го честитам успехот на Ван дер Белен и ги повикувам сите Австријци, да останат заедно и да работат заедно, напиша Хофер на својот ФБ профил.
Ова не се толкува само како победа на австриската проевропска јавност, туку на европската во целина, бидејќи овие избори, без оглед што претседателската функција е повеќе протоколарна, беа голем лакмус за проверка на определбата на населението во ситуација на растечки популизам и национализам во развиените демократии што резултираа со Брегзит, победата на Трамп во САД и растот на популарноста на Мари ле Пен во Франција.
Во Виена, која е роден град на Ван дер Белен тој доби две третини од гласовите.
додека во родниот град на Хофер Пинкафелт, очекувано, победа однесе кандидатот на Партијата на слободата, но со помал број на гласови одошто во првиот круг во мај.
Предизборната реторика на Хофер беше полна со национализам, најава за рефенрендум за излез од ЕУ, политика против мигрантите
На изборите излегоа 73,8% од избирачите со право на глас.
72 годишниот Ван дер Белен е поранешен лидер на партијата на зелените, австриец од аристократско семејство, за пријателите познат како Саша, надимак по неговиот татко кој има руско потекло, а неговата мајка е естонка. Тој се залага за европските вредности, за секуларизам и е демократ по убедување.