Пораст на просечната плата во Словенија – месечен просек од 1.080 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистичките податоци од словенскиот Завод за статистика, просечната нето плата во Словенија во август оваа година изнесувала 1 080 евра, а бруто платата 1 670 евра.

Просечната нето заработувачка во август во однос на јули пораснала за 0,9 отсто, а номинално 1 отсто.

Просечната нето плата во приватниот сектор на месечно ниво пораснала за 1,7 отсто, а во јавниот сектор за 0,1 отсто.

Во август највисока просечна бруто плата земале работниците во централна Словенија и на југоистокот на земјата.