Пораст на потрошувачката на лекови: Македонците навлечени на диазепам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Потрошувачката на лекови на рецепт бележи континуиран пораст, информираат од Фондот за здравствено осигурување.

Диазепамот и натаму останува најбаран лек во земјава, а лани повеќе од 216 000 граѓани го купиле од аптека на рецепт. На второ место по побарувачка е лекот за покачен крвен притисок еналаприл, а на трето метформин, медикамент за дијабетес.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаносвки вели дека оваа година буџетот за лекови за потребите на осигурениците е зголемен за 200 милиони денари.

Со зголемувањето на буџетот за лекови за оваа година растат надежите дека нема да се повторува праксата, квотите за лекови со рецепт да се трошат во првата половина од месецот, а во втората, пациентите да ги плаќаат сами.