Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред 12 години цел свет ги гледаше и се воодушевуваше од фотографиите од 6-годишната Тилан Блондо, која тогаш медиумите ја прогласија за „најубавото девојче на светот“.
Малата Тилан, во меѓувреме, порасна и стана полнолетна прекрасна девојка. Своевремено таа стана модно лице на само 4-годишна возраст, а со десет години веќе позираше за насловната страница на престижното модно списание Vogue. Многумина тогаш беа шокирани од фотографијата и целата таа приказна и ситуација ја нарекоа сексуализирање на детето.
View this post on Instagram
Денес Тилан слави 18 роденден и е успешна манекенка, иако многу луѓе коментираа дека нејзините родители му го уништуваат животот на детето со тоа што дозволуваат да живее како модел од најраните детски години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ќерка е на познатата француска телевизиска водителка Вероник Лубри и фудбалерот Патрик Блондо. Фотографиите од нејзиниот Инстаграм профил покажуваат дека таа, од своевремено „најубавото девојче на светот“, порасна во прекрасна убавица и една од најубавите жени на светот.
Иако има само 18 години, одамна живее самостојно. Освен градењето и одржувањето на успешна манекенска кариера, младата Тилан започна и сопствен бизнис со облека. На Инстаграм има 3 милиони следбеници, а досега има учествувано на престижни модни ревии од сите најголеми светски модни брендови.