Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помалата ќерка на Барак и Мишел Обама, Саша Обама, наполни 17 години, а фотките од нејзината матурска забава направија бум на интернет. Сите се импресионирани од нејзиниот изглед со коментари дека речиси не можат да поверуваат дека тоа е истото 8-годишно девојче кое отиде да живее со родителите и повозрасната сестра Малиа во Белата куќа.
За матурската забава Саша носеше тесен црн фустан со висок засек, а обожавателите на семејството Обама се воодушевени од нејзиниот изглед. Имајќи во предвид дека Саша ретко се појавува во јавност, нејзиниот изглед како матурантка беше вистинско изненадување за многумина.
Фотографиите на Твитер ги објави роднина на пријател од Саша, а истите со експресна брзина беа споделени на социјалните мрежи. Саша на есен треба да тргне на факултет, но уште не се знае кој универзитет ќе го одбере. Нејзината сестра Малиа студира на Харвард.