Поранешниот претседател на Реал: Сигурен сум дека Мурињо ќе се врати!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид се наоѓа во голема резултатска криза и се погласни се шпекулациите за тренерска смена на „Сантиаго Бернабеу“.

Лопетеги се надева дека неговиот тим може да ја прекине лошата серија, а јасно е дека со победа на „Камп Ноу“ веројатно ќе го спаси своето столче.

Сепак, поранешниот претседател на „кралевите“ Рамон Калдерон верува дека Лопетеги нема уште долго да остане на кормилото. Тој исто така додаде дека е сигурен дека Перез ќе го врати Жозе Мурињо во Мадрид.

„Мурињо е единствениот тренер кого Перез навистина го почитува. Сигурен сум дека ќе се врати еден ден во Реал Мадрид. Доколку Перез остане претседател на клубот, а изгледа дека ќе остане уште долго, тогаш сигурен сум дека Муроњо повторно ќе ги води „кралевите““, изјави Калдерон.