Поранешна зајачица открива како се забавувале на имотот од Хефнер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имотот на Хју Хефнер имаше 22 соби, вински подрум, соба за забава, приватно кино, тениски и кошаркарски терен, теретана и базен. Ако се верува на зборовите од поранешните зајачици, денес успшната DJ-Ice Сара Робертсон, не постоела врата која може да ја отворите, а да нема забава.

„Плејбој забавите беа неверојатни, диви и луди. Секогаш полни со познати имиња како Памела Андресон, Парис Хилтон и многу други“ се присети Сара.

Најголемата забава во домот на Хефнер се одржуваше првата сабота од секој август, а „таткото“ Плејбој често правеше и хуманитарни забави.

„Вечерта започнуваше пристојно, формално, но како што ноќта поминуваше, така сите полудуваа. Насекаде имаше голи девојки, луѓето скокаа в базен во скапи костуми, а која и врата да се отвореше има забава“ вели Сара и кажува дека седењето во таа куќа и било отскочна даска за понатамошната диџејска кариера.