Поранешен фудбалер на Ајакс почина на 36-годишна возраст


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ајакс и репрезентативец на Гана, Абубакари Јакубу почина вчера во својата 36 година од животот.

Несреќниот фудбалер во текот на вчерашниот ден итно бил пренесен во болница откако доживеал срцев удар, но и покрај сите напори на лекарите, неговиот живот не бил спасен.

Јакуби играше на позицијата дефанзивен играч за врска, со 17 години во 1998 година стигна во Ајакс каде што остана се до 2004 година. Потоа се пресели во Витесе каде што мина пет години и стави крај на кариерата.

За селекцијата на Гана има одиграно 16 натпревари, а беше и клучен играч за пласман на СП во Германија каде што не доби повик да настапи.

После завршувањето на кариерата се врати во родниот град Тему, каде за жал синоќа почина.