Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Пораки што исчезнуваат“ е новитетот кој го воведува комуникациската платформа Viber за сите разговори.
Претходно достапна исклучиво во тајните „четови“, оваа функција наскоро ќе им овозможи на сите корисници да постават тајмер за текстуални пораки, фотографии, видео клипови или било кој друг документ да исчезне по само неколку секунди, минути, часови или дури и денови.
За да се подеси порака што исчезнува, корисникот треба:
* Да притисне на иконата во облик на часовник на дното на четот и да избере временски период после кој пораката би требало да биде избришена.
* Да напише или подготви порака и испрати до примателот.
Автоматското одбројување до бришење на содржината започнува оној момент кога примателот ќе ја прегледа пораката. Исчезнатата порака во сите 1 на 1 разговори на Viber ја зајакнува својата позиција како најбезбедни пораки за размена во светот, се вели во соопштението на оваа компанија.