Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се повеќе се на број врските кои започнале преку запознавање на социјалните мрежи. Се чини дека сите се запознаваат преку интернет и никому не му се приоѓа во живо. Порталот Менс Хелт пренесува како да остварите контакт преку социјалните мрежи на вистински начин.
1. Немојте да го коментирате изгледот на личноста
Ова е првото правило кога е во прашаље јавувањето преку социјалните мрежи. Жените често ги игнорираат пораките во кои некој на прва им го фали изгледот, бидејќи тоа им се чини чудно.
„Многу ми е мило кога некој ќе ми се јави и ќе ми укаже на некој наш заеднички интерес, отколку само да го пофали мојот физички изглед“, вели Лора Бредбури, секс експерт и советник.
2. Барате заеднички интереси на нивниот профил
Наместо да испраќате чудни и недифинирани пораки, прелистајте го профилот и погледнете кои работи ви се заеднички. Потоа јавете се и укажете на тоа, ќе ве сфатат посериозно бидејќи ќе делувате заинтересирани за животот на спротивната страна.
Сетете се дека не е бар или дружење на забава, овде мора да оставите впечаток на опуштена и добра личност која сака да оствари нормален однос. Сите можат да се јават со „Ејј, убава, што има?“, потрудете се да смислите тактика.
3. Бидете искрени
Личноста на која и испраќате порака многу е веројатно да прима доста пораки на дневна база, и дека веројатно ќе ги препознае пораките кои постојано ги праќате на сите.
„Избегнувајте излишни фрази кои можете да ги најдете на интернет, бидејќи тие можат да звучат смешно и забавно, но сме ги слушнале веќе милион пати“, вели Бредбури и додава дека користењето на излишни фрази звучи како да не сте доволно заинтересирани да смислите свои.
Трудете се да бидете отворени и да испраќате пораки кои се скроени според карактерот на личноста на која и пишете.
Бредбури исто така додава дека треба да го отворите профилот, бидејќи жените се поотворени кон мажите на кои можат да им го разгледаат профилот кога ќе им се јават.
4. Ако е заинтересирана ќе знаете
Важно е да запаметете дека во прашање не е рубикова коцка, туку вистинска личност. Експертите препорачуваат дека треба потполно да се опуштите и одговарате на пораките така што ќе реагирате како да го му одговарате на пријателот. Поставувајте прашања за нејзиното хоби, и работите кои ги сака. Ако личноста со која зборувате ви одговара редовно и во брз временски рок, тоа значи дека е заинтересирана. Меѓитоа, доколку на одговор чекате подолго, тоа значи дека не е заинтересирана.
5. Интернет контактот пренесете го со контактот во живо