Поради здравствената состојба Брус Вилис се повлекува од актерството


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Брус Вилис страда од здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности и ќе паузира од актерството, објави неговото семејство.

Веста е објавена на Инстаграм профилот на неговата ќерка Румер.

„Сакавме да им кажеме на обожавателите на Брус како семејство, дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се оддалечува од кариерата која многу му значеше”. се вели во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis)

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, велат тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

За влошеното здравје на Брус Вилис се шпекулираше подолго време.

Гласините започнаа откако 66-годишниот актер почна да прифаќа улоги во нискобуџетни филмови. Во емисијата на YouTube Half in the Bag решија да се осврнат на оваа тема. “Брус Вилис снима десетина филмови годишно, а никогаш не сте слушнале за ниту еден од нив. Ќе се справиме со овој чуден феномен и ќе се обидеме да откриеме што се случува”, напишале во описот на шоуто.

„Некаде прочитав дека Брус Вилис има деменција, дека не е ни свесен што се случува околу него“, напишал еден корисник во коментар на YouTube, на што Мет Ескандри, режисерот одговорен за неколку филмови на Вилис, меѓу кои и Hard Kill, Survive, одговори: „Да, тоа е вистина, режирав четири филма со него и знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Го видов додека работев со него неколку години. ”

Минатата година Вилис се соочи со критики затоа што на еден настан бил виден без маска. Подоцна се правдаше дека се работи за „погрешна проценка“, но поинформираните тврдеа дека едноставно заборавил дека мора да носи маска.

Ова е првпат семејството да проговори за состојбата на Брус.

Афазија, состојбата дијагностицирана кај Брус Вилис, е нарушување што предизвикува личноста да не може да зборува иако претходно целосно го совладала говорот, јазикот, пишувањето и аритметиката.

Во одредени случаи на афазија, лицето може да има проблеми со свесното дејствување, перцепцијата на околината, концентрацијата и меморијата. Пациентите имаат намалена способност за изразување и разбирање на зборовите и она што тие го претставуваат.