Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Незадоволни од листата на нови владини функционери, ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир се револтирани и предизвикаа внатрепартиски пресметки. Според информации на ТВ 24 синоќешниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ го бојкотирале и новоизбраните пратеници, Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.
Тие се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација на скопските ограноци на ДУИ. Според внатрепартиски информации, реакции имало и од другите ограноци како тој во Струга и токму заради тоа се одложило и именувањето на министерот за информатичко општество.
Според информации на ТВ 24 сите пратеници се во Собранието и очекуваат расплет, односно продолжување на конститутивната седница, на која треба да се избере претседател на Собранието.